Твитер блокираше еден од налозите на иранскиот врховен лидер поради закани кон Трамп

Твитер блокираше еден од налозите на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи поради прекршување на правилата на платформата за социјални медиуми.

Таков потег е преземен откако Хамнеи објави твит од неговиот налог @khamenei_site, во кој пишува „Одмаздата е неизбежна” и сподели слика на голфер кој наликува на Трамп под сенката на голем дрон.

Твитот е сфатен како закана поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски напад, што ги обнови стравувањата за одмазда, пишува Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот