Туск: За неколку часа ќе биде јасно кога ќе се спроведе Брегзит

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека за седум или осум часа би требало да биде познато кога ќе се спроведе излегувањето на Британија од ЕУ.

– Теоретски за седум до осум часа би требало се да биде јасно.Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит кој почнува в четврток во Брисел – истакна Туск.

Британскиот премиер Борис Џонсон и натаму верува дека Британија ќе излезе од Унијата на 31 октомври, што е последниот утврден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот