Туск: Трамп можеби е еден од најголемите предизвици на ЕУ

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Претседателот на САД Доналд Трамп претставува еден од најголемите предизвици на Европската Унија, бидејќи тој се моли за распаѓање на европскиот блок, изјави денес претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Трамп ја поздрави одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ, означувајќи ја Европа како трговски „непријател“ и ги доведе во прашање трансатлантскиот сојуз НАТО, пренесе „Ројтерс“.

– Првпат во историјата има американски претседател кој отворено се противи на обединета Европа. Тој го поддржува Брегизт и се моли ЕУ да се распадне – рече Туск во интервју за германскиот неделник „Цајт“.

Туск го опиша Трамп како политичар кој е одлучен да ја ослаби ЕУ и рече дека е можеби најголемиот предизвик на оваа организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот