Туск: Станавте шампион на политичкиот рационализам и политичката зрелост во регионот

На денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во Владата, премиерот истакна благодарност кон Туск за неговите залагања Македонија да ги започне преговорите да стане членка на Европската Унија во октомври.

– Во име на Владата и граѓаните му изразувам благодарност на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, што за целиот петгодишен мандат не пропушти ниту една можност да го афирмира пријателството кон Северна Македонија и нејзините аспирации за да биде членка на ЕУ – изјави премиерот.

Тој истакна дека ова е период од голема важност за македонскиот народ и дека треба да останеме фокусирани на целта, а тоа е влез во Европската Унија.

Туск соопшти дека напорите на Македонија во последните неколку години биле извонредни и според него заслужуваме во октомври да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ.

– Македонија преку решението за драматичните политички кризи во вашата земја, решение кое беше засновано на демократски принципи и преку вашите договори за пријателство со Република Бугарија и Преспанскиот договор со Република Грција, стана шампион на политичкиот рационализам и политичката зрелост во регионот, изјави Туск.

Тој дополни дека неговиот став останува дека Македонија направила се што е побарано за да започне преговори со ЕУ и им порача на лидерите на ЕУ да ја завршат нивната работа, бидејќи Македонија ја завршила својата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот