Туск пред ЕП: Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Претседателот на Советот на Европската Унија, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент повтори дека европските лидери минатата недела направија голема грешка што не донесоа одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Европските лидери имаа тешка дебата околу проширувањето. По јасната препорака од Европската комисија, огромното мнозинство од земјите членки сакаа да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, но и покрај тоа не беше постигнат потребниот консензус. Според мое мислење, тоа беше грешка и тоа отворено и директно им го кажав на лидерите. Сега се надевам дека лидерите ќе го исполнат заклучокот, дека ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај догодина – истакна Туск пред ЕП презентирајќи ги заклучоците од минатонеделниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Се очекува европарламентраците на денешната пленарна дебата уште еднаш да искажат поддршка за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Тоа во изминатите денови веќе го направија најголемите политички групации во ЕП – Европската народна партија, Партијата на евроспките социјалисти, АЛДЕ, Партијата на зелените.

Покрај за преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, на седницата на ЕП ќе бидат разгледани и заклучоците на Советот на ЕУ за Брегзит и за воената интервенција на Турција во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот