Туск: Прашањето не е „дали“ туку „кога“ ќе почнат преговорите за членство во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел истакна дека нашата држава направила доволно за да добие датум за преговори со ЕУ.

– Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте сѐ што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови. Прашањето е не „дали“, туку „кога“ ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земја ѝ на регионот е во ЕУ – нагласи Туск.

Изборот на Пендаровски и неговата прва посета на Брисел, Туск ја оцени како високо симболични и извор на надеж за земјата и за целиот регион.

– Прво, Вашата неспорна изборна победа покажа нова верба на граѓаните и политичките сили во демократските процеси и создаде добра база за институционална стабилизација. Второ, изборите ја потврдија евроатлантската ориентација на земјата. Изборите беа и референдум за меѓуетничкото помирување и добри односи со соседите и вие тој тест го поминавме успешно. Договорите со Бугарија и Грција се историски, и пример што треба да го следат и другите во регионот и пошироко – додаде Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот