Туск: ЕУ направи голема грешка со Скопје

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската унија, но голема грешка е и француското „не” за лидерите на Западен Балкан особено за Скопје, смета Доналд Туск во првото интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европскиот совет.

Туск, кој се гордее со знаење за европската историја, беше критичен и за одбивањето на Макрон да отвори разговори со Македонија и Албанија.

–  Мислам дека е направена голема грешка стратешки и политички … по толку многу напор и пожртвуваност, особено во Скопје – рече Туск, кој по заминувањето од челното место во Советот на ЕУ беше избран за нов претседател на Европската народна партија, најбројната политичка групација во Европскиот парламент.

Француското „не” ги натера водачите во регионот да очајуваат, вклучувајќи го и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој се спротивстави на националистите за да стави крај на долгиот спор за името со Грција, нагласува „Гардијан”.

Тој неповолно го спореди Макрон со Ангела Меркел, која се залага за интеграција на шесте земји од Западен Балкан.

– Нејзината единствена предност беше тоа што секогаш беше подготвена да размислува за Европа како целина. И таа беше подготвена да жртвува некаков внатрешен или национален интерес за да ја заштити Европа како целина. Од друга страна, ако сакаме да го третираме Макрон како иден лидер на цела Европа, политички, тогаш ни треба еден политичар кој се чувствува одговорен пред ЕУ како целина, а не само за Франција” – истакна Туск во интервјуто за „Гардијан”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот