Туск до Скопје и до Тирана: Ве молам, не се откажувајте

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Да бидеме јасни, Македонија и Албанија не се виновни што не им се одобрени преговорите за полноправно членство во ЕУ. Денеска сакам да испратам јасна порака до нашите пријатели во Македонија и Албанија, ве молам не се откажувајте, ги разбирам вашите фрустрации, изјави на денешната прес конференција претседателот на европскиот совет Доналд Туск.

Тој рече дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето до мај 2020 година.

Канцеларката Ангела Меркел на прес-конференција изрази дека „многу жали” што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.

Туск изјави дека голем број од државите го подржуваат започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но, како што рече тој, „за жал за оваа одлука е потребна едногласна согласност“.

– Еден ден ќе бидете полноправна членка на Европската Унија – рече Туск.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот