Туск: Брегзит е најтажното искуство и една од најголемите грешки во историјата на ЕУ

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската унија, смета Доналд Туск во првото интервју од напуштањето на функцијата претседател на Европската комисија.

Во интервју за „Гардијан”, Туск вели дека Брегзит е „најтажно искуство” за него во петте години од неговиот мандат, во бурен период обележан со кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.

Говорејќи за претседателската трка во САД во 2016 година и кампањата за Брегзит, тој рече дека новиот елемент во политиката е „невидена подготвеност да лажеме за речиси се… да се третира лагата како оправдано средство за победа”. Тој рече дека ова „бесрамно” однесување ќе ги дисквалификува политичарите пред само 10 години.

„Гардијан” пишува дека Туск смета дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон погрешил со организирањето на референдум на кој „немал шанси да победи”. Туск исто така откри дека утрото по гласањето, тој сепак верувал дека одлуката може да биде поништена.

„Мојата намера беше да ја проширам целата дебата во Европа, но и во Велика Британија. Со ова, можеби (секако наивно) се надевав дека резултатот на крајот може да биде различен”, додаде Туск.

Туск го опиша Макрон како „идна надеж на Европа” и вистински пријател, но рече дека има проблеми со „многу нови идеи и мислења”. Туск исто така се спротивстави на зближувањето на Макрон со Русија, велејќи дека е „дезориентиран” од овој нов наратив.

„Од друга страна, ако сакаме да го третираме Макрон како иден лидер на цела Европа, политички, тогаш ни треба еден политичар кој се чувствува одговорен пред ЕУ како целина, а не само за Франција”, истакна Туск.

Тој, исто така, рече дека миграцијата е се уште „најголемиот проблем” со кој се соочува ЕУ, како резултат на историски голем број луѓе кои бараат азил или работа во Европа. Туск рече дека таа е „моментално нерешлива”, додавајќи: „Оваа нова верзија на миграцијата, нејзината масивност, решеноста на луѓето кои сакаат да дојдат во Европа, е нешто навистина ново, но и постојана ситуација за иднината”, заклучи Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот