Турските здравствени работници бараат построги мерки поради зголемувањето на бројот на новозаразени

Медицинско лице во Турција / Фото: EPA

Здравствените работници во Турција денеска излегоа на улиците, протестирајќи против, како што го нарекоа, неуспехот на Владата да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Во Истанбул и главниот град Анкара, лекарите носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за смртта”, а протестот се одржа под силни безбедносни мерки.

Во Истанбул дојде до куса расправија бидејќи полицијата првично не им дозволи на демонстрантите да прочитаат изјава, што се гледа на снимка споделена од синдикатот на лекарите на Твитер.

Демонстрантите, меѓу другото, повикаа на целосно заклучување и транспарентност на Владата во официјалните дневни податоци за коронавирусот.

-Нема „светло на крајот од тунелот” и претстојат тешки времиња, освен ако не се преземат нови мерки, рече шефот на Истанбулската комора на фармацевти, Зафер Ценап Саријалиоглу.

Бројот на новозаразени со коронавирус во Турција вчера надмина 60.000, што е нов рекорд.

Вкупно 279 луѓе починаа за еден ден во земјата со 84 милиони жители, соопшти Министерството за здравство.

Со оглед на брзото зголемување на бројот на новозаразени, турската Влада неделава ги заостри ограничувањата, продолжувајќи го вечерниот полициски час. Рестораните и кафулињата имаат дозвола да нудат само услуги за достава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот