Турските власти со солжавец ги растераа поддржувачите на ЛГБТ заедницата (ВИДЕО)

Со солзавец и полициски кучиња турската полиција ги растера активистите за поддршка на ЛГБТ правата кои денеска се собраа во Истанбул.

Како што пренесе „АП“, во центарот на градот излегле неколку стотици луѓе, извикувајќи слогани за геј правата и веејќи ги знамињата со боите на виножитото кои се заштитен знак на парадите.

Организаторите на истанбулскиот „Прајд“ објавија дека кабинетот на гувернерот на Истанбул го забранил маршот. Се наведува дека полицијата им дозволила на активистите да прочитаат кратко соопштение, а потоа веднаш ги растерале активистите.

„АП“ наведе дека на последниот „Прајд“ кој во Истанбул бил одржан во 2014 година, учествувале околу 100.000 лица. Турските власти петта година по ред забрануваат одржување на геј-парада во најголемиот град во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот