Турските власти ги уапсија сестрата, сопругата и зетот на ал-Багдади

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турските власти ја уапсиле сопругата, сестрата и зетот на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Тие, како што наведе Ердоган, уапсени се во Сирија. Багдади имал петмина браќа и неколку сестри, а вчера беше соопштено дека во северна Сирија, во рација на турските сили, уапсена е неговата сестра Расмија Авад.

Турските власти тврдат дека 65-годишната Авад би можела да обезбеди значајни разузнавачки информации за Исламска држава.

Лидерот на Исламска држава се самоуби за време на акција на американските сили во Сирија кон крајот на минатиот месец, така што активираше елек со експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот