Турските сили почнаа да навлегуваат во Сирија, Иран започна ненајавена воена вежба долж турската граница

Фото: Принтскрин

Турските трупи почнаа да преминуваат во североисточна Сирија со цел потиснување на курдските милитанти, кои ја контролираат граничната област.

Турски воени претставници за „Блумберг” изјавија дека дел од турските трупи навлегла во Сирија на два пункта долж границата, во близина на сириските градови Тал Абјад и Рас ал-Аин, во рамките на подготовките за пошироката офанзива.Засега нема коментар од курдските сили, кои претходно ветија на телевизиска прес-конференција од северниот град Хасаке, дека ќе се бранат од каква било турска офанзива.

Тензиите во регионот дополнително се подигнати со отпочнувањето на воената вежба на Иран чии трупи започнаа ненајавени воени маневри долж северозападната граница кон Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот