Турските сили ги прошируваат целите на дејствување во Сирија

EPA-EFE/STR

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили ги прошириле целите на дејствување за време на вториот ден од офанзивата против курдската милиција во северна Сирија.

Како што јавија турските медиуми, две сириски села во пограничното подрачје се „исчистени од терористи”.

Во исто време, курдските единици возвратија, при што загинаа 14 турски војници во судирите во близина на градот Рас ал-Аџин. Според ТАСС, Курдите тврдат дека уништиле четири турски тенкови на влезот во Тел Абијад, при што загинале петмина војници.

Курдските борци отвориле оган од нивните позиции во близина на Рас ал-Аџин, на што турската артилерија возвратила.

Рас ал-Аџин е првиот сириски град кој турските вооружени сили го нападнаа откако Анкара започна операција во северна Сирија со намера, како што тврди, да создаде безбедносна зона во која ќе можат да се вратат сириските бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот