Турските фудбалски гиганти во трка за Чурлинов

twitter.com/KaaaaHuuuu

Претходно објавивме дека за нашата млада фудбалска надеж интерес покажа Фенербахче кој посакува да најде сличен потенцијал како Елиф Елмас кој летово направи трансфер во Наполи.

Но, освен добрите настапи и голови за сениорската екипа на Келн која се подготвува за новата сезона во најсилното германско првенство, секако не се заборава и податокот дека лани Чурлинов беше прв стрелец во јуниорската Бундес лига.

Сега уште два турски гиганти се најдоа во трка за потписот на репрезентативецот, тие се Бешикташ и Галатасарај.

Според турските медиуми, Бешикташ работи на идејата да ангажира млади амбициозни фудбалери, додека Галата моментно е предводен од славниот тренер Фатих Терим.

Чурлинов со Келн има договор до 30 јуни 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот