Турскиот Парламент ги продолжи овластувањата за воени акции во Сирија и Ирак

Фото: МИА

Турскиот Парламент ги продолжи за уште една година овластувањата на Владата, според кои таа може да нареди прекугранични воени офанзиви на територијата на Сирија и Ирак доколку биде соочена со безбедносни закани.

Со тоа е продолжено овластувањето на турската Влада врз основа на кое од 2014 година на земјата и се овозможува да се бори против курдските бунтовници, екстремистите на Исламска држава и други групи кои Турција ги смета за терористи во Ирак и Сирија.

Актуелниот мандат истекува на 30 октомври.

Истовремено, Турција соопшти дека е подготвена да изврши нова офанзива во Сирија, со цел да го исчисти пограничното подрачје од курдски борци во Сирија, кои имаат поддршка од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот