Турскиот брод „Орук реис” се врати во пристаништето Анталија по истражувањата во Медитеранот

Турскиот истражувачки брод „Орук Реис”, заради кого летово избувна вербален конфликт меѓу Грција и Турција, се врати во пристаништето во Анталија откако ги заврши дводимензионалните сеизмички истражувања, соопшти денеска турското Министерство за енергетика.

Спорот околу гасните истражувања на истокот од Средоземното море во август ги доведе морнариците на две членки на НАТО на работ на вооружен конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.

НАТО веднаш интервинираше со организирање на технички разговори меѓу армиите на двете земји за да избегне можност од „врел инцидент”, што може да доведе до војна.

Анкара тврди дека владите на Грција и Кипар ги кршат енергетските права на Турција поставувајќи морски граници во согласност со нивните сопствени интереси и обиди да ја исклучат Турција од потенцијалните резерви на нафта и гас.

Членките на Европската унија, Грција и Кипар, заедно со Франција, се заканија со санкции против Турција.

Лидерите на ЕУ на 10 и 11 декември ќе организираат самит на кој се очекува да разговараат за спорот и можните санкции.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот