15 C
Скопје

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан

Висок турски суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година редовно го критикуваат организациите за човекови права.

Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација”, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување, јави Бета повикувајќи се на турската агенција Анадолија.

Европскиот суд за човекови права вчера остро ја осуди Турција за притворањето на новинарот.

Алтан (71) беше осуден на доживотен затвор во февруари 2018 година за „обид за уривање на уставниот поредок”, но Касациониот суд ја поништи таа пресуда. На повторното судење во ноември 2019 година, Алтан беше осуден на десет и пол години затвор за поврзаност со „терористичка група”.

Турското правосудство го товари за поврзаност со движењето на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година, што Ѓулен го негира.

Алтан, кој го основаше опозицискиот весник Тараф, се прослави надвор од Турција со книга за животот во затвор. Тој е почитуван интелектуалец во Турција, и отсекогаш негираше вмешаност во обидот за државен удар, отфрлајќи ги обвинувањата како „гротескни”.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар