Турски медиуми: Сириските сили го зазедоа градот Сулук

Сириските сили, заедно со сојузниците денеска го зазедоа градот Сулук, на петтиот ден од турската офанзива во северна Сирија.

Курдските воени сила се протерани од центарот на градот, кој се смета за стратешки крстопат, на околу 10 километри од границата со Турција, јави турската новинска агенција Анадолија.

Курдските власти тврдат дека судирите во Сулук се во тек.

Неколку гранати истрелани од Сирија ги погодија турските погранични градови Акчакале и Суруч, во провинцијата Санлиурфа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот