Турски државјанин преку мобилен телефон украл 11.000 евра

Илустративна фотографија / Unsplash-Luis Villasmil

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола пријавил дека на 23.септември лицето Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка.

За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот