Турски државјани со фалсификувани пасоши се обиделе да го напуштат охридскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година. Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

Прочитајте и...  Скопјанец и кичевец пронајдени мртви во своите домови

Прочитај повеќе

Скопјанец и кичевец пронајдени мртви во своите домови

Слободен печат

Удавен маж пронајден во базен

Слободен печат

Нападнати двајца малолетници во Скопје

Слободен печат

Уапсени двајца Арачиновци, се обиделе да прегазат полицаец во Куманово

Слободен печат

ВИДЕО | Масовна тепачка во Струмица: Излегле од судница па се степале пред Основниот суд

Слободен печат

Срна усмртена на автопатот Тетово-Скопје, повредена сопатнича во возило

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тешко повредена тинејџерка во сообраќајака во Тетово

Млад скопјанец пренесен во Систина, го нападнале три лица во Градски парк

На скопски аеродром пронајдено починато лице

Обљубена возрасна жена во Велес

Маријана Митровска

Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Неготино-Кавадарци

Едно лице загина, три се повредени откако возило се преврте на автопатот Неготино – Демир Капија

Слободен печат