Турската војска воспостави контрола над градот Рас ал-Ајин

Фото: Профимедиа

Турската војска денеска воспостави контрола над сирискиот пограничен град Рас ал-Ајин, пренесуваат странските медиуми.

Турските трупи и опозициските единици кои се борат против сириската армија влегоа во Рас ал-Ајин, откако единиците на коалицијата на Сириските демократски сили се повлекоа од градот.

Претходно, Демократските сили, формирани околу курдските вооружени групи, започнаа да се повлекуваат од Рас ај – Ајин, како што беше договорено со САД.

Анкара не се откажува од воспоставувањето „безбедносна зона” во северните региони на Сирија, долж границата, каде бегалците од Турција би можеле да се вратат.

САД и Турција постигнаа договор да ја прекинат борбената операција на 17 октомври за период од 120 часа за да им се овозможи на курдските единици на Сириските демократски сили да имаат време да ја напуштат „безбедносната зона” на граничната област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот