Турската владејачка партија: Има неправилности во изборите

Потпретседателот на турската владејачка партија АКП, Али Ихсан Јавуз, во изјава за медиуми рече дека на локалните избори се случиле организирани нерегуларности и неправилности и затоа денес, поднесена е жалба до Врховната изборна комисија на Турција.

„Нашето тврдење е јасно, има организирани неправилности. Ние веруваме во изборниот систем, но ова нема врска со системот, ова е сосема организирано. Расветлување на случајот на последните избори е должност на секој од нас.“ изјави Јавуз.

Тој исто така тврди дека десетици илјади неправилности не може да се гледаат само како грешка. Според него, можеби некој и стварно згрешил за време изборојувањето, но не е можно сите да згрешиле.

„Има многу нерегистрирани актери, ова е организирана работа и не е работа што би можеле да ја извршат само симпатизерите на опозициската партија ЏХП.“ потенцираше потпретседателот на АКП.

Инаку, на локалните избори одржани на 31 март, според неофицијални резултати, опозицискиот кандидат, Екрем Имамоглу со 48.79% од гласовите, во однос на кандидатот на владината коалиција, Бинали Јилдирим со 48.51% добиени гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот