Турската влада со предлог-закон до Парламентот: Се бара мандат за распоредување на мировници за конфликтот во Нагорно Карабах

Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDNET PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турската Влада денеска достави предлог-закон до Парламентот со кој се бара одобрение за распоредување на мировни сили за следење на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Руските и турските министри за одбрана во средата потпишаа меморандум за формирање на заеднички центар за надзор во Азербејџан.

Со предлог-законот доставен до Парламентот се бара едногодишен мандат за испраќање на турски мировници, во кој е договорено претседателот Реџеп Таип Ердоган да одреди колку војници ќе бидат испратени. За предлог-законот се очекува да се расправа во наредните денови.

Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рамки на мировната мисија може да се распореди и цивилен персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот