Турската опозиција бесна: Повторувањето на изборите во Истанбул е чиста диктатура

Фото: ЕПА

Најголемата опозициона партија во Турција,  Турската Републиканска народна партија, соопшти дека одлуката околу повторно одржување на изборите во Истанбул укажува на „чиста диктатура“.

Врховниот изборен одбор на Турција нешто порано одлучи повторно да бидат одржани локалните избори во Истанбул, откако владејачката партија на Ердоган се жалеше на наводни „бројни неправилности“.

„Секоја победа против владејачката партија за Правда и развој е нелегална. Овој систем ја надвладува волјата на народот и го занемарува законот кој не е ниту демократски ниту легитимен. Ова е чиста диктатура“, напиша на Твитер заменикот претедател на опозициската Републиканска народна партија, Онурсал Адигузел.

Турските медиуми пренесуваат дека Врховниот изборен одбор ја одобрил жалбата на владејачката партија и ги поништил резултатите од изборите одржани на 31 март во Истанбул, а новите избори би требало да се одржат на 23 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот