Турската опозиција: АКП нема конкретни докази за повторување на изборите во Истанбул

Потпретседателот на Републиканската народна партија – ЏХП, Мухарем Еркек, соопшти дека нема никакви конкретни информации, докази или документи што би доведувало до прифаќањето на барањето на владејачката партија на Турција, АКП, за повторување на изборите во Истанбул.

„Заврши пребројувањето на сите неважечки гласови во Истанбул. Постојаното пребројување ја оштетува безбедноста на изборите. Врховниот изборен совет направи правилна одлука со одбивањето за пребројување на сите гласови во Истанбул.“ истакна Еркек.

Осврнувајќи се на изјавата на потпретседателот на владејачката АКП, Али Ихсан Јавуз, дека во се планира тужба против лицата што извршиле неправилности за време на изборите, Екрем наведе дека само судовите можат да одлучат дали има криминал или некое кривично дело.

Од друга страна турските медиуми објавија дека претставници на ЏХП преку социјалните мрежи објавиле дека Врховниот изборен совет, го поканил нивниот кандидат Екрем Имамоглу да ја прими одлуката од страна на советот за градоначалник на Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот