Турската офанзива во Сирија причина за раселување на 7.000 деца

Фото: Профимедиа

Речиси 7.000 деца се раселени од почетокот на турската офанзива во североситочниот дел на Сирија, соопшти меѓународната хуманитарна организација „Сејв д чилдрен“, а ОН наведува дека повеќе од 176.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Организацијата нагласи дека многумина од раселените нашле засолниште во речиси 25 училишта во градот Хасакех, југоисточно од областа каде што Турција на 9 октомври ја почна офанзивата против Курдите во североисточниот дел на Сирија.

Хуманитарната група тврди дека во тој град и околните области нема вода за пиење бидејќи во борбите се оштетени водните пумпи.

Директорката на тимот на таа група за реагирање во Сирија, Соња Куш, побара неограничен пристап до децата на кои им е потребна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот