ТУРСКАТА ОФАНЗИВА ГИ ЗЕМА ПРВИТЕ ЖРТВИ: Загинаа седум курдски борци, но и двајца цивили

Фото: Профимедиа

Жители во сирискиот пограничен град Рас ел Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата „Ал Хадас”.

Според курдски извори, убиени двајца цивили, а околу 20 се повредени. Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата Сириски демократски сили, а 16 се повредени.. телата им биле пренесени во болницата во градот Ајн Иса, кој се наоѓа северно од провинцијата Рака.

Телевизијата „Ал Хадас” објави дека турските авиони извршиле вкупно 16 напади врз позиции на курдските бунтовници, врз нивни контролни пунктови и бази во населените места Мешрафија, Хирбет-Банат, Ал Асадија и Бир Нух. Густи облаци од чад се издигнуваат над тие реони.

Турција ги нападнала и градовите Дарбасија, Маликија, Камишли во провинцијата Хасака, како и градовите Тел Абјад и Ајн Иса во Рака.

Се зголемува приливот на бегалци од граничните населени места.

Курдски претставници тврдат дека напад бил извршен и врз далноводи и водоводни станици, кои го снабдуваат со вода за пиење градот Хасаку.

Утринава беше објавено дека милитантите на Исламска држава ги нападнала позициите на Сириските демократиски сили, која главно е составена од Курди. Тие сега објавија дека ги запреле сите воени операции против терористичката Исламска држава по почетокот на турската офанзива, јави ДПА, повикувајќи се не неименмувани курдски извори.

– Сега приоритет ни е да ги заштитиме границите и да се фокусираме на судирот со Турција. Сите припадници на Сириските демократски сили се мобилизирани и распоредени во областите близу границата со Турција – изјавил изворот за ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот