Турската амбасада за инцидентот на аеродромот во Сараево: Дојде до „мал спор“

Фото: МИА

Од Амбасадата на Турција во Босна и Херцеговина се огласија по повод денешниот инцидент на Меѓународниот аеродром во Сараево, информираат босанските медиуми.

Според овие извори,  од амбасадата соопштиле дека дошло до „мал спор“ меѓу членовите на обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и припдниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и порачале дека инцидентот не треба да ја засени важната посета на турскиот лидер.

– Не се случи ништо што би требало да се преувеличува. Односите меѓу Турција и Босна се на високо ниво. Ова е важна посета која не треба да биде засенета од така едноставен настан – изјавил неименуван извор од турската амбасада во Босна за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот