Турска агенција за вонредни состојби: Во земјотресот во Измир загинаа 49 лица, регистрирани се 833 афтер-шокови

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Бројот на загинати во земјотресот во западна Турција достигна 49 лица, соопшти Агенцијата за вонредни состојби и управување со катастрофи (АФАД). Повредени се 896, се вели во соопштението.

АФАД, исто така, соопшти дека по најсилниот земјотрес следувале уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени по Рихтеровата скала. Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во покраината Измир.

Од болниците се испишани 667 повредени лица, а 229 лица се задржани на лекување.

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе во петокот западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир.

Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.

Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот