Турпин ќе ѝ суди на Македонија во Палермо, двапати беше „среќен“ за Италијанците

Французинот Клемен Турпин ќе застане на центарот во Палермо/Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Европската фудбалска куќа (УЕФА) ги објави и судиите кои застанат на центарот в четврток (20.45 часот) на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо за полуфиналниот плеј-оф натпревар од баражот за Светското првенство помеѓу Италија и Македонија.

Главен судија ќе биде Клемен Турпин од Франција, ќе му помагаат неговите сонародници Никола Данос и Сирил Грингор.

Турпин минатата сезона го судеше финалето во Лига Европа помеѓу екипите на Виљареал и Манчестер јунајтед во Гдањск, Полска.

На овој дуел триумфираше Виљареал на пенали со 11:10, после регуларните 90 минути резултатот беше 1:1.

Турпин двапати им судеше на Италијанците, во победата на пријателскиот натпревар против Уругвај (3:0) во јуни 2017 година во францускиот град Ница, како и во триумфот над Полска (2:0) во мечот од УЕФА Лигата на нации во Реџо Емилија.

Трајковски:  Притисокот е врз Италија, немаме што да загубиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот