Турнирот во Вашингтон пред откажување, неизвесен и УС Опен?

EPA-EFE/PETE MAROVICH

Одржувањето на турнирот Сити Опен е доведено во прашање откако американските медиуми пренесоа дека поради порастот на бројот на заболени од коронавирус во САД, турнирот најверојатно ќе биде откажан.

Уште еден голем проблем за одржување на турнирите во САД, а меѓу нив е и УС Опен, е и одлуката на Европската унија да ги остави затворени границите за сите кои патуваат од САД. Единствена земја која дава зелено светло за патниците кои доаѓаат САД е Шпанија која дозволува прием на високо квалификуваните кадри и учесници на спортски манифестации.

Рампата од ЕУ значи дека голем дел од европските играчи кои доминираат на листата на најдобри тенисери, да одлучат да не патуваат во САД и да играат на турнирите кои се планирани во август и септември, а меѓу нив е и УС Опен.
Освен тоа во САД се зголемува и бројот на заболени од коронавирусот, што влева дополнителен страв кај тенисерите.

– Имаме бројни обврски, постојано мораме да ги следиме случувања бидејќи за нас најголема катастрофа е да го откажеме турнирот на една недела пред почетокот кога играчите направиле план на патување или се веќе тука. Потрошивме многу пари за организација и поради тоа секојдневно ја следиме ситуација – вели Марк Ејн, директор на турнирот во Вашингтон, Сити Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот