„Туркиш ерлајнс” нема да извршува летови до 28 мај

Фото: Архива

Турција забрани патување во 31 најгусто населена провинција, и исто така воведе полициски час во текот на викендот.

„Туркиш ерлајнс”  соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со коронавирусот.

Ова беше објавено еден ден по изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека државата може да почне со ублажување на некои ограничувања по Рамазански Бајрам кон крајот на мај.

Турција забрани патување во 31 најгусто населена провинција, и исто така воведе полициски час во текот на викендот.

Како дел од мерките против заразата, Турција го забрани и излегувањето од дома на граѓаните над 65 и под 20 години. Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот