Турканици пред кумановскиот центар за социјални работи, граѓаните бараат информации за платежни картички

Новиот данок за корпоративниот сектор во буџетот на ЕУ годишно би придонел да се дополни со плус 10 милијарди евра, што пак е помалку од 0,2 отсто од обртот што го генерираат големите компании при работењето во ЕУ, велат од ЕК.

Со ваквите даноци би се финансирала отплатата на долгот за планираните издвојувања наменети како помош на економиите и секторите кои се најтешко погодени со корона кризата, соопштуваат од Комисијата.

Новиот данок за корпоративниот сектор во буџетот на ЕУ годишно би придонел да се дополни со плус 10 милијарди евра, што пак е помалку од 0,2 отсто од обртот што го генерираат големите компании при работењето во ЕУ, велат од ЕК.

Според планот кој се уште чека одобрување од 27те земји членки. ЕК на пазарот за капитал би се задолжила за рекордни 750 милијарди евра со кои би се финансирале издвојувањата за мерките за заживување на економиите погодени од корона кризата.

Брисел предлага воведување неколку видови на данок со цел да може да се финансира отплатата на долгот, вклучувајќи тука и нов данок за единствен пазар кој би стапил на сила најрано во 2024 година.

Меѓу новите извори на приходи за заедничкиот буџет на ЕУ ЕК разгледува и воведување данок за пластика и зголемување на давачките за емисијата на јаглероден – диоксид при увоз.

Водечкиот функционер на ЕУ за финансии Јоханес Хан оценува дека со данокот за единствен пазар би се опфатиле 70 илјади компании во Европа со обрт на средства од 750 милиони евра.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот