Турканици за вакцинација во поликлиника „Јане Сандански“

Фото: Р. Пејовски / Слободен печат

И денес, како и вчера очигледно има значително зголемен интерес за вакцинација кај граѓаните.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, но очигледно со турканици и влегување преку ред, како што забележа фоторепортерот на „Слободен печат“.

Фото: Р. Пејовски / Слободен печат

Поради голем интерес за вакцинација од утре ќе биде отворен пункт за вакцинација во поликлиниката во Драчево. Ова денеска во изјава за “Слободен печат” го потврди управителот на поликлиниката “Јане Сандански”, Боре Радевски.

-Не бевме спремни за толкав број на граѓани кои ќе дојдат кај нас за вакцина и ревакцина. Но, морам да нагласам дека оваа навалица се случува откако беа соопштени новите мерки со кои делумно ќе им се ограничи движењето на невакцинираните. Свесни сме дека има револт кај граѓаните кои чекаат за вакцинирање, но да бидеме реални, капацитетот на пунктот е многу помал во однос на потребата на граѓаните, рече управителот Радевски. 

Фото: Р. Пејовски / Слободен печат
Фото: Р. Пејовски / Слободен печат

Инаку, паралелно со вакцинацијата на пуктовите се одвива и теренската вакцинација. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543 597 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 8030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17 679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982 645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439 048 граѓани, известуваат од Министерството за здравство.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот