Туристите уживаат на рајските плажи, а немаат поим каква МРАЧНА ТАЈНА крие островот - Под земјата се кријат коски кои раскажуваат СТРАШНА приказна (ФОТО+ВИДЕО) - Слободен печат

Туристите уживаат на рајските плажи, а немаат поим каква МРАЧНА ТАЈНА крие островот – Под земјата се кријат коски кои раскажуваат СТРАШНА приказна (ФОТО+ВИДЕО)

Со 63 плажи, Ротнест Ајленд, австралискиот остров е популарна туристичка дестинација, но веројатно повеќето од посетителите не се запознати со неговото мрачно минато.

Од 1838-та година островот служел како затвор за Абориџините, мажи од 8 до 70 години, а таа пракса траела скоро 100 години. Затворениците се доведени од сите краеви на Австралија, најчесто заради најмали престапи, како крадење на храна.

Стотици се убиени или умреле како последица на мачење и болести.

Озлогласениот затвор конечно бил затворен во 1931-та година, меѓутоа, утврдено е дека 10 проценти од затворениците умреле од глад и грип.

Затворот, кој бил и некој вид на концентрацион логор, бил основан од европските доселители кога стигнале во Австралија, а во збирката на шокантни фотографии од Државната библиотека Викторија се гледа дека луѓето во затворот биле измачени, врзувани со ланци и дека условите во затворот биле ужасни. Немало ниту тоалет, ниту кревет, а подовите биле влажни и ладни. Баш заради овие лоши услови и пренатрупувањето (некогаш и по десет луѓе во една ќелија) брзо се ширеле болести.

Прочитајте и...  Вархељ: Ако Македонија и Албанија ги испорачаат реформите, бидете уверени дека ќе има отворање на преговори

И покрај тоа што во затворот умреле стотици Абориџини и дека станува збор за најголемата масовна гробнива во Австралија, туристите со години доаѓале на тоа место. Оние кои кампувале тука, не знаеле дека под земјата и во водата на Западна Австралија лежат коските на 373 Абориџини, се додека во мај минатата  година не се забрани пристапот на тоа место.

Тоа е првиот чекор кон признавање на вистината, сметаат Абориџините кои од осумдесеттите години на минатиот век се борат за признавање на мрачната историја на островот.

Фото: Принтскрин

Тие и ја основаа организацијата „Rottnest Island Deaths Group“, која се бори за заштита на гробовите на нивните предци кои умреле тука. Староседелците дури и барале целиот остров да биде ставен под нивна контрола, но тоа е малку неверојатно, гледајќи дека бројот на туристи расте од година во година.

Околу 785.000 туристи го посетиле островот во 2018/2019 година, откако Западна Австралија доби финансиска инекција од околу десет милијарди долари, од кои најмногу токму Ротнест Ајленд.

Прочитајте и...  Стаменковска-Стојковски побара оставка од директорката на Централен регистар

Прочитај повеќе

Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

Слободен печат

Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Слободен печат

Бектеши: ДУИ нема да формира коалиција со ниту еден субјект што ќе се обиде да го негира Преспанскиот договор

Слободен печат

Сандерс со убедливо водство кај демократите

Слободен печат

Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Слободен печат

Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Слободен печат

Остави Коментар

5 × 4 =

Прочитај повеќе

Зеќири: Сега предметите и истрагите се живи, конечно ќе може да се постапува

Слободен печат

На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Слободен печат

Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Слободен печат

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Слободен печат

Трамп: Сè што е поврзано со оваа измамничка истрага на обвинителот Малер да се отфрли

Слободен печат