Туристите, стареењето на населението и темелите потонаа во Венеција – и тогаш дојдоа поплавите

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Несреќните за Венеција како никогаш да не запираат. Популарната туристичка дестинација се соочува со најголемите поплави во последните 50 години оваа недела, што резултираше со штета во вредност од стотици милиони евра. Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека денес ќе биде прогласена вонредна состојба поради катастрофата, пишува Си-Ен-Ен.

Поплавата доаѓа во најлош можен момент за Венеција. Градот се бори со преголемиот број на туристи, нивните историски згради тонат со алармантна брзина, а населението е сѐ постаро.

Поплави

Градот се соочи со невообичаено висока плима во вторникот, предизвикувајќи ја најлошата поплава уште од 1966 година. Голем дел од многу важните историски локации беа поплавени.

Водата се искачи на ниво од еден метар и 87 сантиметри, според центарот за мониторинг на нивоата на водата. Само еднаш откако се следи висината на водата од 1923 година плимата била повисока, кога достигнала еден метар и 94 сантиметри во 1966 година.

Плоштадот Свети Марко – една од најниските локации во градот – беше еден од деловите на градот кои се соочија со најголемите проблеми. Базиликата на Свети Марко беше поплавена шести пат во последните 1.200 години, според информациите.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро рече дека ќе прогласи вонредна состојба и предупреди дека оваа поплава може да остави „трајни последици“.

– Ситуацијата е многу драматична. Сакаме владата да ни помогне. Цената ќе биде голема. Ова е резултат на климатските промени – напиша тој на Твитер.

Климатски промени

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро рече дека ќе прогласи вонредна состојба и предупреди дека оваа поплава може да остави „трајни последици“.

– Ситуацијата е многу драматична. Сакаме владата да ни помогне. Цената ќе биде голема. Ова е резултат на климатските промени – напиша тој на Твитер.

И додека научниците дефинитивно не можат да ги обвинат килиматските промени за овој конкретен настан, но велат дека есктремните временски услови како поплави и шумски пожари се случуваат почесто поради климатските промени.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Венеција, која веќе имаше сериозни проблеми со високите плими, особено е ранлива од понатамошно зголемување на нивото на морето.

Глобалните нивоа на морињата се очекува да се зголемат од 60 сантиметри до 2,1 метар, а можно е и повеќе, до крајот 21 век. За Венеција, ова ќе биде катастрофа, поради тоа што ваквата појава ќе ги остави улиците целосно прекриени со вода.

„Град што тоне“

Ризиците од поплавите сѐ уште поголеми поради фактот што градбите во Венеција сами по себе тонат. Неодамнешните студии со користење на податоци од GPS-уреди и снимки од радари покажаа повеќе различни делови од градот дека потонуваат меѓу еден и четири милиметри секоја година, и дека целиот град се навалува кон истокот.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Научниците сметаа дека причина за тоа е вештачкото испумпување на водата под градот кое предизвикало седиментална компресија. Меѓутоа, новите истражувања покажаа дека иако испумпувањето е прекинато, пропаѓањето не е прекинато.

Бродови за крстарење и премногу туристи

Во Венеција има премногу луѓе. Во август, во просек 465.100 луѓе го посетиле туристи на еднодневни екскурзии, згора на оние 2,2 милиони кои престојувале во градот, според бројките на Националната агенција за туризам.

Меѓу април и октомври, во проценка 32.000 бродови за крстарење застанувале во Венеција на дневно ниво, според податоците на главното пристаниште.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Властите во Венеција предупредуваа дека нивоата на туризам и огромната бројка на луѓе кои пристигаат во градот е неодржлива. Тие предложија идеи за наплаќање на карта за влез во градот на туристите кои се на еднодневни екскурзии и проценија дека огромните бродови за крстарење предизвикуваат штета врз животната средина и го распуваат погледот во градот.

На крајот, Венеција во август најави дека ќе започнат да ги пренасочуваат бродовите за крстарење на ближните терминали.

Исчезнува локалното население

За голем дел од локалното население, големите групи на туристи се голем проблем. Нешто под 53.000 луѓе ја нарекуваат Венеција свој дом, една третина помалку во однос на времето пред 50 години.

Локалното население исто така старее, поради тоа што младите го напуштаат градот за да браат работа надвор од секторот за туризам. Тоа се лоши вести за локалната економија и иднината за локалната популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот