Туристите бегаат од Саранда – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Туристите бегаат од Саранда

Претставникот на тур-операторите во Саранда вели дека биле откажани околу 15% од резервациите

Саранда е еден од албанските градови кој најмногу е погоден од откажувањето на резервациите од страна на странските туристи, поради политичката ситуација во Албанија.

Претставникот на тур-операторите во Саранда вели дека биле откажани околу 15% од резервациите, пренесува Ора-њуз. Тензичната политичка ситуација која почна минатиот месец, се чини дека ги исплашила странските туристи кои ја избраа Саранда за летниот одмор.

Претседателот на туристичките оператори на Саранда, Арбен Чипа, вели дека околу 15% од резервациите од странските туристи биле откажани поради протестите.

– Од хотелите и апартманите што се занимаваат со оваа дејност, можеме да видиме откажување преку системот booking. Туристите од Полска се оние кои најмногу се откажале. Главното влијание за оваа ситуација се чини дека се известувањата на странските медиуми – вели Чипа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close