Туристичко-угостителска комора: Кога ќе се укинат рестрикциите, ќе се соочиме со нови проблеми

Ресторани, угостители/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Главниот координативен кризен штаб денеска ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките и предложи Владата да ги усвои на денешната седница. Нивното усвојување, пак, би значело дека од среда се укинува ограничувањето на движењето, дека на сите настани кои се организираат на отворено може да учествуват 1.000 луѓе, со искористување на просторот до 50 проценти, а и дека се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

Од Туристичко-угостителскиот сектор велат дека по олабавувањето на мерките ќе се соочат со нови предизвици, како што се обезбедување на квалификуван и квалитетен кадар, но и доволно ликвидни средства за да може да се врати старата динамика на работа како пред кризата.

– Угостителските објекти веќе втора година работат со рестрикции и со намалени капацитети, а дел од нив, односно оние кои немаат летни тераси, се уште се затворени. Дел од угостителите беа принудени и да ги отпуштат вработените, па тие заминаа во други сектори, или во странство. Проблемот со обезбедување на ликвидни средства за работа очекуваме да се надминува со олабавувањето на рестриктивните мерки и кога ќе може да се организираат деловните активности без рестрикции. Исто така, кога станува збор за олабавување на мерките треба да се размислува да се дозволи да работатат и затворените угостителски објекти – изјавија од Туристичко угостителската комора (ТУК) за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека туристичкиот сектор, покрај тоа што го мачи неликвидноста и недостигот на квалификуван работен кадар, се уште ги мачи и неизвесноста во овој сектор.

– Се уште постои голема несигурност околу тоа каква ќе биде состојбата во наредниот период и дали нема повторно да има нови рестрикции. Во однос на обезбедување на средства за реализација на аранжмани за да се намалат шансите за евентуална загуба не се закупуваат цели објекти за сезона како порано, туку се работи по налог – велат од ТУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот