Туристичко-угостителска комора: Или зелено светло за свадби, или протест на угостителите в среда (ВИДЕО)

Откако комисијата за заразни болести донесе одлука со која се овозможи организирање на концерти на отворено, а од одлуката ги изостави рестораните за организација на семејни прослави, Туристичко- угостителската комора при Сојузот на стопански комори подготвува протест, кој е најавен за в среда. Мартин Ангеловски, потпретседател на Сојузот, денеска во Утрински брифинг ги објасни деталите.

– Ние како ресторани сме изоставени од најновите измени на протоколите, иако сметам дека на семејните веселби присуствуваат многу помал број на луѓе, во споредба со концертите. Нема никаква основана логика, сега кога мерките се олабавија, ние како ресторани за организирање на прослави, но и сите други дејности кои се засегнати, да останеме затворени. За да се избориме за нашите права, во среда во 12 часот, ќе имаме мирен протест, пред Владата, рече Ангеловски.

Тој сепак остави можност да не се одржи протестот, ако Комисијата за заразни болести, ја промени одлуката на утрешниот состанок.

– Утре имаме состанок со Комисијата за заразни болести, и доколку добиеме зелено светло за работа, протестот нема да се одржи. Доколку нема промени во однос на протоколите за работа, протест ќе има, објасува Ангеловски. Исто така на протестот ќе биде побарано, да се измени протоколот кој забранува лица од различно семејство да седат на иста маса. – Тој е апсурсен протокол, за кој побаравме измена повеќе пати, на никого не му е јасно зошто нема воља од другата страна да се промени. Промена на овој протокол ќе побараме и на протестот, рече Ангеловски. Тој вели дека опасноста од ширење на коронавирусот, во рестораните за прослави е минимална.

– Капацитетот на гости ќе биде намален, протоколите ќе бидат поразлични, ќе се посвети повеќе внимание на дезинфекција. Во вакво време никој не може да очекува “нормална” свадба и прослава, ние тоа и не го бараме, бараме само да можеме да функционираме, после пауза од пет месеци. Многу лесно можат да се дополнат протоколоте, ако се знае дека во ресторан е дозволено на иста маса, на растојание од 1,5 метар да седат до 12 луѓе, објаснува Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот