Туристичките водачи во Словенија остануваат без приходи

Во земјата има околу 2.000 вработени во овој дел и нив им се заканува опасност цела година да останат без приходи доколку ја пропуштат летната сезона.

Речиси 60 илјади вработени во туристичкиот сектор во Словенија се во незавидна позиција поради ударот што пандемијата од корона вирусот го зададе врз овој сектор, но во најнезавидна позиција се туристичките водичи.

Во земјата има околу 2.000 вработени во овој дел и нив им се заканува опасност цела година да останат без приходи доколку ја пропуштат летната сезона.

-Откажувањата на договорените тури почнаа уште во март, а предвидувањата се дека оваа есен туристи ќе немаме. Прогнозите и за следната година се многу песимистички. Најверојатно цела година ќе бидеме без приходи, предупреди Тина Храст од Здружението на туристички водичи.

Водичите се надеваат дека државата ќе ги чуе нивните предупредувања и ќе им помогне да „преживеат”, а со тоа велат, ќе се спаси секторот и одливот на квалитетен кадар потребен по нормализацијата на ситуацијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот