Туристичките работници со ултиматум до Филипче, најавуваат протести

Плажа. / Фото: Архива на Слободен печат

Туристичките работници во својата реакција го критикуваа министерот за здравство, Венко Филипче, односно неговата вчерашна препорака воопшто да не се патува и туристите да останат дома.

– Ако министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна – реагираат туристичките работници.

Од таму поставија ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на, како што велат, нелогичната одлука за превоз на 50 отсто на патници во автобусите и бараат да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот