Туристичките работници пред банкрот

– Состојбата е алармантна и исклучително загружувачка ако се земе предвид колку семејства опстануваат и се прехрануваат од оваа дејност, рече извршната директорка на Стопанска комора за туризам на Македонија, Биљана Пејоска Ристеска.

Неповратна помош преку Фондот за туризам според остварен промет во 2019 година и субвенционирање на платите од 14.500 денари до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, бараат туристичките агенции од државата.

Велат дека се пред банкрот зашто пет месеци не работат. Сите резервации им се откажани и не остваруваат никаков приход. Ако ваквата ситуација продолжи, можно е во август, како што предупредија денеска на прес-конференција, 5.000 семејства да останат буквално на улица.

За превозниците бараат да се преиспита одлуката од Комисијата за здравство и наместо 50 проценти, како што е сега, капацитетот на исполнетост на возилата да се дозволи да биде 70 отсто од седиштата, како и до 2021 година да важи зелениот картон за 2020 кој е веќе платен, но не и искористен.

– Апелираме најитно, иако е време на избори, нашите барања да се разгледаат и да се решат позивитно. Во спротивно, на туристичкиот сектор, особено на туристичките агенции и превозниците, им се заканува банкрот. Состојбата е алармантна и исклучително загружувачка ако се земе предвид колку семејства опстануваат и се прехрануваат од оваа дејност, рече извршната директорка на Стопанска комора за туризам на Македонија, Биљана Пејоска Ристеска, апелирајќи налдежните да ја сфатат состојбата најсериозно.

Таа објасни дека Комората досега имаше одлична соработка со институциите и голем дел од предложените мерки на секторот беа прифатени. Но, тоа бил краткорочен сет, согласно ситуацијата тогаш.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот