Туристичките работници не отстапуваат од ултиматумот за превозот и платите

Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го променат овој проткол за автобусите, бидејќи, како што посочуваат во соопштението, во ниту една земја во светот не постои таква одлука.

– Дали авион со 150 патници е побезбеден од автобус со 50 во кој се почитуваат сите здравствени протоколи? Додека се донесува одлука за враќање на децата во училишта, имаат време и да го разгледаат овој проблем, се вели во соопштението од туристичките работници.

Доколку не добијат субвенции за плати, велат, приморани се да стават клуч на врата, а со тоа, како што нагласуваат, пропаѓаат сите можности за обештетување на стотици илјади граѓани кои уплаќале за своите патувања.

Прочитајте и...  Бислимовски доби бубрези како подарок во телевизиска дебата (ВИДЕО)

– Никој не сака да живее на товар од државата, но таа мора да застане на страната на секторите кои паднаа колена со појавувањето на корона кризата, реагираат туристичките работници.

Додека државите се обидуваат да им помогнат на сите дејности, особено туризмот, наведуваат, нашата дополнително ја оневозможува и отежнува ситуацијата.

– Зошто никој ниту еднаш не излезе со конкретен одговор досега за кое било од нашите барања? Зошто државата се крие зад изговорот дека се чека Влада да се оформи, а во меѓувреме донесуваат други „важни” одлуки? Зарем ние не сме важни? Кому му одговара да потоне туризмот и зошто свесно се избегнуваат нашите апели? Дали некој од министрите за економија, финансии, здравство и надворешни работи воопшто имаат совест? Додека сите тие заминаа на годишен одмор и покрај препораките да не се патува, ние не знаеме како да ги подмириме трошоците, се вели во соопштението.

Прочитајте и...  Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Туристичките работници најавуваат масовни протести и блокирање на сите улици, доколку оваа недела не се донесат овие одлуки.

Прочитај повеќе

Балтичка „црна листа“: Литванија, Летонија и Естонија со санкции за 100 белоруски официјални лица

Слободен печат

Врховен потврди уште една одлука на Апелација: Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор

Слободен печат

Политичка сцена во Црна Гора: Ѓукановиќ ќе предложи мандатар до 23 октомври

Слободен печат

Рангелова: Ја докажав правдата, сега може слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа

Слободен печат

Димитров: Mеѓувладина конференција до крајот на годината, за зајакнување на кредибилитетот на ЕУ во регионот

Слободен печат

Маските од денеска се задолжителни на јавни места во Минхен, казни од 250 евра за непочитување

Сашко Димовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Слободен печат

Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Слободен печат

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицaјци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат