Туристичките агенции во Србија запреа со продажба на аранжмани

Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата  на Ковид 19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.

Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат.

– Туристичките агенции, поради неможноста да плаќаат за осигурување, од денеска немаат лиценци и можат да продаваат само поединечни услуги, билети или сместување во хотел, бидејќи тоа е осигурено на друг начин, рече Сеничиќ.

Тој истакна дека осигурителните компании не се согласиле да ги осигураат аранжманите на агенциите дури и под услов да ги зголемат цените на полисите и дека тоа го објавиле пред само две недели така што „туристичките агенции се ставени пред свршен чин”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот