Туристичките агенции со апел за помош – сезонава ќе биде многу тешка

Ние сме најпогоден сектор во периодот на пандемија, зашто се затворени нашите граници, а со тоа имаме забрана за вршење дејност.

И покрај отварањето на границите, туристичките агенции сметаат дека неопходна е итна финансиска интервенција од државата бидејќи бизнисот изминатиот период претрпел многу како и дека и покрај отворањето на границите оваа сезона за нив ќе биде многу тешка.

Тие уште еднаш упатија апел до министерствата за економија и финансии да ги разгледаат нивните барања и да бидат повикани на разговор што е можно побрзо.

– Ние сме најпогоден сектор во периодот на пандемија, зашто се затворени нашите граници, а со тоа имаме забрана за вршење дејност. Нашиот приход изминатите 100 дена е нула, нашите трошоци се уште течат, имаме закупи за летување во странство, а не се знае дали воопшто ќе може да ги работиме и дали ќе имаме дозвола за влез во тие земји иако од страна на нашите власти во повеќе наврати беше најавувано дека ќе бидат отворени границите и дека ќе може да ја обавуваме нашата дејност. Имаме и откажани аранжмани на странски туристи за летување во нашата држава, се вели во писмото потпишано од околу 70 туристички агенции и превозници.

Тие уште еднаш ги соопштија нивните барања, целосно отворање на границите, воведување протоколи како во останатите европски држави, неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14.500 денари, платени придонеси, одложување на исплатата на кредитите, ослободување од ДДВ и аконтација до крајот на годината, одобрување бескаматни кредити за сите без никакви услови, а за оние веќе одобрените пролонгирање на грејс периодот од шест на 12 месеци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот