Туристичките агенции и туроператори со пад на прометот од 99 отсто

Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување во ова тримесечје, односно во април, мај и јуни годинава е забележано во сите сектори, но најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – за 77,7 отсто и во секторот Административни и помошни услужни дејности – за 63,4 отсто.

Намалување од 28,4 има во секторот Трговија на големо и трговија на мал, поправка на моторни возила и мотоцикли, 34,8 отсто кај Транспорт и складирање, 23,8 во секторот Информации и комуникации, 25,9 во Дејности во врска со недвижен имот, 30,8 во Стручни, научни и технички дејности, 63,4 отсто во Административни и помошни услужни дејности.

Статистиката забележува намалување на прометот во Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив од 99 проценти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот