ТУРИСТИ, ВНИМАТЕЛНО: Плажите во Албанија небезбедни!

албанско крајбрежје
Албанско крајбрежје/ ТВ Скен

Препораките на Високата државна контрола (ВДК) на Албанија за безбедност на плажите, не биле земени предвид од надлежните институции, па така и оваа сезона постои истиот проблем.

Земајќи ги предвид настаните во кои туристи го загубија животот на албанските плажи, Високата државна контрола бара од Министерството за туризам, локалната власт-општините, да бидат одговорни за склучување на договори со чуварите на плажите. Исто така ВДК препорачува да биде определен начинот и институцијата која би била одговорна за лиценцирање и обука на чуварите на плажите, како и на секои 100 метри да има чувари, за поефикасно да можат да се набљудуваат туристите, пренесува албанската телевизија „Scan“.

Според нив, долж албанското крајбрежје се потребни околу 5000 чувари на плажа, статистика која е доста оптимистичка и за вработувањето на младите во летната сезона. Оваа институција, исто така, набројува и голем број проблеми поврзани со непризнавањето на професијата на чувар на плажа или реалниот недостаток на кули за набљудување и нивнотото растојание.

Во Албанија веќе функционира Единицата за туризам „Таск форс“ која ги набљудува Станиците на плажите, во кои меѓу другото има и зона за брза помош за туристите.

Инаку како што јавуваше Топ Чанел четворица повозрасни туристи го загубија животот во последните 10 дена на плажите во Драч и Валона, додека неколку други се соочија со опасни ситуации во морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот