ТУРИСТИ СНИМИЈА ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАН: Небото потемне, бевме покриени со прашина (ВИДЕО)

Вулканот Стромболи на истоимениот остров во Италија, еруптираше денеска испуштајќи огромна количина на пепел во воздухот.

-Од кратерот излегува густ црн чад. За секунда бевме покриени со прашина и се разбегавме, говорат сведоците за Ројтерс.

Ова е прва ерупција на вулканот после пет години. Последната била во 2014 година. Вулканот има континуирани ерупции во последните 2.000 години. Течењето лава е поретко, главно еруптира со пепел.

На островот Стромболи живеат околу 500 жители. Иако во минатото имало и повеќе, сепак, многу емигрирале токму од страв поради вулканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот