Туристи на пат кон челичен крст биле ПОКОСЕНИ од гром – Три лица загинаа при НЕВРЕМЕ во Полска (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во Полска по силното невреме кое денес ги погоди Татрите, а уште едно лице загина на словачката страна на тој планински венец.

Како што јави приватната станица ТВН24, повикувајќи се на сведоци, громот удрил во група туристи на врвот Гевонт, кој е висок 1.894 метри.

Невремето почнало изненадно, после сончевото утро.

– Соочени сме со тешка ситуација, – изјавил за ТВП Инфо, шефот на полската волонтерска служба за спасување.

Целта на туристите кои се качуваат на Гевонт е да стигнат до врвот, каде во 1901-та година е поставен железен крст, висок 15 метри.

Се верува дека тој крст привлекува громови, наведоа Ројтерс.

Моментално, дваесеттина спасувачи пробуваат да спасав две лица кои останале заробени во пештера на полските Татри, бидејќи патот кој води кон излез од пештерата е поплавен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот